ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НАД 13.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА. ВО ГЕВГЕЛИЈА 77 АКТИВНИ, ВО БОГДАНЦИ 20 И ВО ДОЈРАН 4.

После Скопје, градови со најголем број заболени се Тетово со 1 016 случаи и Куманово каде има 914 активни болни од ковид-19.
Троцифрен е бројот на активно болни и во Дебар – 144, Кочани – 137, Радовиш – 119 и Свети Николе и Ресен каде како активно болни се водат по 109 лица.
Во општините кои ги покрива Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, бројот на активни случаи е 101, од кои во Гевгелија се 77, во Богданци 20 и во Дојран 4 активни случаи.
Во периодот од 10 до 18 септември на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран имало забележани 48 нови случаи на заразени од ковид-19, и 4 починати.
Бројот на заразени полека се намалува, но бројот на починати е се уште двоцифрен.
Ова е уште еден показател дека вакцините се клучни за заштита од Ковид 19, односно единствен начин да не се развие тешка клиничка слика или боледувањето да заврши со смртен исход. Не станува збор за грешка при лекување на пациенти со ковид, на дневно ниво се разговара за состојбата на пациентите во болница како и за починатите,во каква состојба се хоспитализирани, како напредувала формата на болеста, каква терапија им се давала, со какви хоринични заболувања биле.
КИБФС веќе прави опсежна анализа, и податоци од истата ќе бидат објавени, кога ќе се заврши, информираат од Министерството заљ здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.
May be an image of tree and outdoors
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.