НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2019 ГОДИНА„РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ ОСВОИЈА ПРВО МЕСТО НА ФЕСТИВАЛОТ „ПЕЈ СРЦЕ“ ВО ЌУСТЕНДИЛ.УЧЕСТВУВАА И ВО ПОСТАВУВАЊЕТО НА ГИНИСОВ РЕКОРД ВО ХОРСКА ИЗВЕДБА ОД 1000 ХОРИСТИ НА ДВЕ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ.

WEB Телевизија во живо

На меѓународниот фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“, што на 16 септември 2019 се одржа во бугарскиот град Ќустендил, „Распеани гевгеличани“ го освоија првото место во својата категорија. Тие, пред публиката во големата сала на библиотеката „Братство 1869“ се претставија со песните „Сношти вечер сон сум сонувала“, „Бог да бие Тино“ и „Кажи ми Цвето, дека спиеш ти?“. Жири комисијата чиј претседател беше популарната бугарска пејачка Кристина Димитрова имаше многу пофалби за вокалните интерпретации на реномираниот ансамбл од нашиот град. Исто така, „Распеани гевгеличани, заедно со над 800 учесници од Македонија, Србија и Бугарија заеднички го поставуваа Гинисовиот рекорд во хорска изведба на македонските песни „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски и „Ој ти пиле, славеј пиле, што беше проследено од посебна комисија на Гинис.
На овој фестивал, кој оваа година беше посветен на 150 годишнината од отворањето на библиотеката „Братство 1869“, Македонија учествуваше со градските хорови од Свети Николе, Радовиш, Велес, Гевгелија,Валандово, Богданци, Кратово и Штип.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *