МИТКО КРЏЕВ: ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ РЕШЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК НА РАБОТА НА ЛЕКАРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ.

WEB Телевизија во живо

Во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, наскоро, за првпат ќе започне со работа Лекарска комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице. Како што информираше денеска директорот на Општата болница Гевгелија, доктор Митко Крџев, добиено е Решението за почеток на работа на оваа комисија, која е составена од три члена и која ќе издава конзилијарно мислење и наод за пациентите од Гевгелија Богданци, Дојран и Валандово.
Членовите на комисијата деновиве беа во Струмица за да се запознаат со протоколите за работа, а во моментот, изјави доктор Крџев, се прави проценка со која динамика ќе работи комисијата, Имено, матичните лекари ќе прават преку системот Мој термин закажување на барањата на пациентите кои сакаат да го остварат правото за надоместок за помош и нега од друго лице.
Со формирањето на оваа Комисија во Гевгелија, потенцираше Крџев, ќе се намали периодот на чекање за гевгеличани, богданчани, валандовчани и дојранчани кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега. И нема повеќе да патуваат во друго место и да бидат изложени на дополнителни трошоци.
May be an image of 1 person and indoor
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *