ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

И ГЕВГЕЛИЈА ДОБИВА СВОЈА УЛИЧНА ТРКА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2021″.

Атлетскиот клуб 7-ми Ноември“ кој постои веќе две години, по примерот на повеќето градови во Македонија и во светот, оваа година ќе ја организира првата улична трка во Гевгелија, насловена како „November run Gevgelija 2021″. Конечно, по учеството на голем број на домашни и меѓународни улични трки, од каде се враќале со многу медали и пехари, членовите на овој млад, но веќе етаблиран македонски атлетски клуб, ќе имаат можност да трчаат и во својот град, пред своите сограѓани.
Предвидено е трката да се одржи на 7-ми Ноември 2021 година, денот на ослободувањето на Гевгелија, кој е Општински празник, а воедно е и денот кога пред две години клубот ги започна своите атлетски активности.
Како што не информираше претседателот на клубот, Игор Коцевски, трката November run Gevgelija 2021 е организирана според правилата на IAAF, Атлетската федерација на Македонија и согласно Законските важечки прописи. Предвидени се две трки, на 5 и 10 километри, и една рекреативна детска трка на 1 километар, Патеката за трката November run Gevgelija 2021 е кружна, односно учесниците на трката на 5 километри трчаат еден круг, додека учесниците на 10 километри трчаат 2 круга. Стартот и целта на патеката е на улицата 7-ми Ноември во центарот на Гевгелија во близина на Народниот театар, со придржување до сите здравствени протоколи.
Пријавувањето за трката е веќе започнато, а учесниците може да се пријавуваат на https://runnerspot.com/event/Gevgelija., а рокот за пријавување е 27.10.2021. Раниот рок за регистрација трае заклучно со 01.10.2021 година, а цената на стартниот пакет за 10 километри изнесува 700 денари, а на 5 километри 600 денари. Во стартниот пакет учесниците добиваат: стартен број со чип, Маичка, Станици за освежување на патеката и на целта, Pic&Go персонални фотографии, онлајн резултати, онлајн диплома, производи и ваучери од спонзори и медал за завршување на трката.
Победниците на двете трки во машка и женска категорија ќе добијат пехари и подароци од спонзорите, а победниците на трката од 10 километри ќе добијат и парични награди во износ:
12.000 за прво место, 9.000 за второ и 6.000 за трето место
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *