ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ОД АКТИВИТЕ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПРИ СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

26-ти Септември е Европски ден на јазиците. За тоа како се одбележа овој ден во СОУ „Јосиф Јосифовски“, одговор побаравме од професорката Вера Светозаревиќ.
„Оваа година нашето училиште СОУ “Јосиф Јосифовски” –Гевгелија го одбележа Европскиот ден на јазиците, 26-ти септември , со настан во кој учествуваа наши ученици , а беше организиран од наставниците од активите за странски јазици и македонски јазик.
Во програмата беа опфатени точки на повеќе странски јазици, со дела од македонски и странски автори.
Песната Везилка од Блаже Конески беше рецитирана на англиски јазик, извадок од “Фауст “ од Јохан Волфганг Гете на германски јазик, извадок од Аутобиографија од Бранислав Нушиќ, потоа беа читани цитати од познати личности како на пример Плутарх, Алберт Ајнштајн, Елон Маск, Марк Твен и други, беа кажувани шеги поврзани со образование и тинејџерите.
Помеѓу говорниот дел имаше музички изведби. Учениците поздравуваа ,броеја и се збогуваа на повеке европски јазици, на англиски, француски, германски, шпански, италијански, грчки, руски, турски јазик.
Целта на настанот беше да се охрабрат учениците да учат повеќе јазици со што ќе имаме подобро меѓукултурно разбирање“ .
Инаку, низ цела Европа, 800 Милиони Европејци, застапени во 47 земји – членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштата. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26 Септември – заедно со Европската комисија.
May be an image of 14 people, people standing and indoor
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *