ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ДОКТОР ЕПИДЕМИОЛОГ САШКО ОЛУМЧЕВ:ВО НАШИОТ РЕГИОН ИМАВМЕ 5 ОДДЕЛЕНИЈА СО ОКОЛУ 130 УЧЕНИЦИ ВО ИЗОЛАЦИЈА. НИКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ НЕ ПРОЈАВИ СИМПТОМИ И ОД ДЕНЕС СИТЕ СЕ НА НАСТАВА. ТРАНСМИСИЈА НА ВИРУСОТ ВО УЧИЛИШТАТА ДО СЕГА НЕМАМЕ.

Епидемиолошката ситуација во нашиот регион кој го покрива Центарот за јавно здравје Гевгелија е стабилна. Сметам, изјави доктор Олумчев, дека е постигнат врвот на епидемијата и сега очекувам права линија со тенденција на благо опаѓање на инфицираните.
Во фаза сме на широка распространетост на вирусот и лично очекувам три можни сценарија во идниот период. Првото е дека ќе имаме новозаразени пациенти кои ќе го прележат ковидот, второ, ќе имаме поголем број на имунизирани со вакцина и трето не очекува тивка имунизација на оние кои ќе го прележат ковидот без симптоми. Сето ова ќе биде солиден основ за градење на колективен имунитет до Нова Година, тврди епидемиологот Олумчев.
Што се однесува до почетокот на школската година, јас не бев против физичката настава туку бев за мало одлагање на почетокот на оваа училишна година, поради тоа што нашите училишта, некој од нив не можат да организираат настава со стриктно почитување на физичката дистанца межу учениците. Маски може да се носат, дезинфекција има, но никој не гарантира дека учениците на одморите нема да се групираат без носење на маски и држење на дистанца.
Можам да кажам, вели Олумчев, дека во училиштата до денес нема трансмисија на инфекцијата меѓу учениците, бидејќи се почитуваат здравствените превентивни препораки за време на одржувањето на наставата. Во нашиот регион имавме 5 одделенија, некаде околу 130 ученици во изолација, поради 5 инфицирани ученици , поради опасност вирусот да биде импортиран во училиштата, поради начинот на превоз на учениците, групирањето на одморите и присуството во продавниците за храна. Денес, изјави доктор Олумчев излегуваат од изолација и учениците од последниот клас, така да повеќе немаме ученици во изолација во училиштата од овој регион.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *