„АКО НАВРЕМЕ СЕ НАБАВАТ ВАКЦИНИТЕ , И АКО ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ КАКО И ДОСЕГА ДО ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ, СО ГРИПОТ НЕМА ДА ИМАМЕ ПРОБЛЕМ“.„ЗАТОА АПЕЛИРАМ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ ГРИП! ДЕЦИДЕН Е ЕПИДЕМИОЛОГОТ, ДОКТОР САШКО ОЛУМЧЕВ

WEB Телевизија во живо

Со доаѓањето на есента и постуденото време, расте загриженоста на граѓаните што ќе се случи кога ќе се појави вирусот на грипот, кога тој ќе се „спои“ со вирусот на ковид-19. Нашиот епидемиолог, доктор Сашко Олумчев тврди дека не би требало да бидеме толку загрижени. Тој потсетува дека и лани, во екот на пандемијата, речиси и да немавме заболени од грип. Едноставно, вели Олумчев, носевме маски, држевме дистанца и со тоа го намаливме неговиот простор за ширење.
Така, очекувам да биде и оваа година, потенцира тој. Час поскоро треба да се набават вакцините против грип, ние, граѓаните, да продолжиме да се придржуваме на заштитните мерки, носење маска, држење дистанца и хигиена, и, уверува тој, грипот ќе биде една сезонска болест со лесна клиничка слика. Едноставно, вирусот на грипот ќе нема можност да изврши еден масовен интерхуман трансфер меѓу популацијата.
Со брзото и навремено вакцинирање против грипот, и со зголемување на бројот на вакцинирано население во Гевгелија не би требало да имаме проблеми со грипот и оваа година. Тоа, вели Олумчев, пак, не занчи дека ќе немаме проблеми со другите респираторни заболувања, како што се астмата и хроничниот бронхитис. Затоа треба да бидеме уште од сега подготвени да одговориме на сите предизвици.
May be an image of 1 person
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *