ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО ЦРНА ГОРА ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖУВА НАТПРЕВАР ВО ЛЕЖЕЊЕ. НАГРАДАТА Е 300 ЕВРА.

Во црногорското етно-село „Монтенегро“, 34 километри од Никшиќ, денеска се организиран натпревар во лежење. Ова е јубилеен, десетти по ред натпревар а наградата за победникот е 300 евра.
Правилата се : Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување“, се наведува во известувањето објавено на Фејсбук. Оваа година, правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет само на секои осум часа.
Досегашниот црногорски рекорд го држи Марко Ѓуровиќ и изнесува 37 часа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.