СОКОЛАРОТ ТРАЈЧЕ КИТАНОВСКИ, КОЈ, ПОКРАЈ ДРУГОТО Е МРЗЕНСКИ ЗЕТ, ПОКРАЈ ЈАСТРЕБОТ ХАРИ, СЕГА ИМА НОВ ЈАСТРЕБ ПО ИМЕ ОЛИМПИЈА И МАЛО БУВЧЕ.

WEB Телевизија во живо

Се сеќавате веројатно на нашиот пријател Трајче Китановски, кој имавте можност да го запознаете и на ТВ Нова 12, минатата година токму во месецот август. Трајче е еден од десетмината македонски соколари, инаку и мрзенскиот зет. Тогаш Трајче ни го претстави јастребот Хари, кој го купил за 450 евра од Хрватска, на 3-месечна возраст, идеална возраст за дресура на секоја грабливка, и успеал да го истренира за 20 дена. Имаше желба наскоро да му донесе партнерка, па да има друштво за ловење.
Е, таа желба му се оствари. Пред извесно време стапивме во контакт со Трајче, да видиме што има ново, и, оп, тој не изненади со убавата вест дека набавил нов јастреб, овојпат женка, која го добила името Олимпија. Значи сега Трајче секој ден, на шега вели, дека си го гледа во живо филмот „ Кога Хари ја сретна Олимпија“.
Но, тоа не е се. Животинското царство на Трајче е збогатено со еден був, кој сега за сега нема име, ама има добра нега и добро друштво.
Доколку сакате да следите што е ново со оваа интересна менажерија, посетете го јутјуб каналот “HARY TV“ или пак фејсбук страната „Забава со Хари“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *