ПОЖАРОТ КАЈ ГП „БОГОРОДИЦА“ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА, ПРЕМИНОТ ЗАТВОРЕН, ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОЦКОВ ДО СИТЕ КОИ СЕ БОРЕА СО ПЛАМЕНОТ

WEB Телевизија во живо

„Jа изразувам својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, вработените од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, БП „Шимов“ и граничната полиција. Како и до ТППЕ и градоначалниците на Демир Капија, Неготино и Кавадарци кои веднаш излегоа во пресрет на барањето на Општинскиот кризен штаб и се придружија на сите нам во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер.“, изјави градоначалникот Сашо Поцков по ставањето на пожарот под контрола.
Пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, градежна механизација од повеќе гевгелиски фирми, вработени од хотелот „Фламинго“, Граничната полиција, со помош од воени хеликоптери успеаја да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност хотел казиното „Фламинго“, бензинската пумпа „Шимов“ како и караулата на АРМ и ГП „Богородица“.Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.
Претходно, АМСМ информираше дека поради затворањето на ГП „Богородица”, и борбата со огнената стихија, возилата се пренасочуваа на граничниот премин „Дојран

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *