ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПОЧИНА АКТЕРКАТА САБИНА АЈРУЛА ТОЗИЈА

Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните и најпопуларни актерки во Македонија, почина синоќа на 75-годишна возраст по тешко боледување.
Ајрула која имеше кариера од половина век, одигра над 70 значајни улоги на сцената на нејзиниот матичен Драмски театар, но и во скоро сите театри низ земјава, како што се Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје до независни поставки.
Сабина Ајрула-Тозија остави силен печат на македонската театарска сцена преку улогите во претставите „Болва во уво“ од Жорж Фејдо, Гертруда во „Хамлет“ од Шекспир, во „Дамите од Аламо“ од Пол Зиндел, Хекуба во „Орест“ од Еврипид и многу други.
Ајрула-Тозија глумеше и во многу македонски филмови снимени од крајот на 1960-тите години до неодамна. Меѓу првите филмови во кои глумеше е „Време без војна“ во 1969 година. Во нејзиниот актерски опус се запишани и филмовите „Жед“, „Јад“, „Исправи се, Делфина“ „Оловна бригада“,„Време, води“, „Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „Полноќно сонце“, „Јазол“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Контакт“,„Сенки“, како и ТВ-сериите „Илинден“, „На наш начин“, „Солунски патрдии“, „Трета доба“, „Салон Хармони“.
Последните години Ајрула Тозија беше ангажирана во турската филмска индустрија. По улогата на Афифе Хатун во популарната турска серија „Величествениот“, таа играше и други улоги на тамошната сцена. Меѓу последните беше ТВ-серијата „Ешкија“ во која го играше ликот на Хајрије Чакирбејли. Покрај улогите во ТВ-сериите, Ајрула беше дел и од актерската екипа во филмовите „Бал кајмак“ (Bal Kaymak) и „Раната на мајка ми“ (Annemin Yarası).
Во 1996 година ја доби наградата „Климент Охридски“ за повеќегодишна творечка работа, а во 2015 година Нaгрaдaта зa живoтнo делo на Фестивалот „Вoјдaн Чернoдрински”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *