НЕВЕРОЈАТНА „ФИЛМСКА“ ПРИКАЗНА ОД ОИ ВО ТОКИО: ВОЛОНТЕРКА ОД СРБИЈА МУ ПОЗАЈМИЛА ПАРИ ЗА ТАКСИ НА АТЛЕТИЧАР ОД ЈАМАЈКА КОЈ ГО ЗГРЕШИЛ АВТОБУСОТ И СО ТОА МУ ПОМОГНАЛА ДА ОСВОИ ЗЛАТО НА 110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ.

WEB Телевизија во живо

Хансл Парчмент е новиот олимписки шампион во дисциплината 110 метри со пречки. Атлетичарот од Јамајка направи феноменален резултат, а Тијана Стојковиќ е одговорна за тоа!
Спортистот се качил на погрешен автобус и доцнел на последната трка на Олимписките игри. Волонтерката од Србија, Тијана Стојковиќ, дошла на помош, му позајмила пари за такси со цел да стигне на стадионот на време.
Дечкото од Јамајка имаше феноменален настап во решавачкиот момент. Парчмент донесе злато за Јамајка, и веднаш изрази голема благодарност до Тијана.
Хансл сподели видео на Твитер заблагодарувајќи и се на волонтерката.
– Ова злато е заради тебе, ти ми помогна – и рече и ги врати парите за таксито што му го даде.
Тијана доби подарок официјална маичка од репрезентацијата на Јамајка. Приказната ја обиколи целата планета, а реагираше и премиерот на Јамајка. Ендрју Холнес ја покани Тијана да ја посети нивната земја.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *