ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ПРВИОТ УЧИЛИШТЕН ДЕН ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОБСКИ“,УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВА И ВТОРА ГОДИНА ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО 8.00 ЧАСОТ, ОД ТРЕТА И ЧЕТВРТА ВО 9.00 ЧАСОТ.

СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија, утре на 1 септември ја започнува наставата со физичко присуство. Утре ќе се одржат само класни часови и тоа:
• ученицитге од прва и втора година ќе започнат во 8.00 часот;
• учениците од трета и четврта година ќе започнат од 9.00 часот.
Наставата секој ден ќе започнува во 8.00 часот, а учениците на училиште доаѓаат од 7.45 до 8.00 часот. Големиот одмор ќе биде меѓу втори и трети час.
На располагање за влез во училиштето ќе бидат 4 влеза. На следните фотографии се означени училниците на класовите, а боите означуваат од кој влез учениците СЕ ОБВРЗАНИ да влегуваат.
За учениците од населените места има организиран превоз. Превозниците „Стефани“ и „Гоки“ лично ќе ги информираат учениците за времето на тргнување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *