ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА 17 АВГУСТ 1994 ГОДИНА СЕ ОДРЖА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ „ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ“. ПОБЕДНИЦИ БЕА ЛЕНЧЕ ДЕДЕЈСКА ОД ПУБЛИКАТА И ГОРАН КУКИЌ ОД ЖИРИТО.

На денешен ден во 1994. година во Охрид се одржа првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури ’94“.
Следната година фестивалот се прошири и со поп вечер, при што името на фестивалот беше променето во „Охрид Фест – Охридски трубадури“.
Маја Павловска, познатиот текстописец за тој прв фестивал се сеќава:
„Се сеќавам како неодамна да беше, а сепак 1994 година. Тогаш Ленче Дедејска (се уште не беше Кукиќ), со „Течете солзи“ доби прва награда од публика, а Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“ во соработка со Димитар Масевски како автор на музиката прва од жири. Забавата траеше до раните утрински часови. А се сеќавам дека набрзо после тоа, Масевски и татко ми Јово им го направија првиот дует на Ленче и Горан, „Те сонив ли душо моја“ (Фолк фест „Цветници“), со што беше и официјално крунисана нивната љубов, која трае до ден денес.“
А Ленче Кукиќ, кога ја прашавме за тие времиња кратко се потсети, ни кажа
е , колку убави времиња беа тоа. А не како денешниве, кога јас и Горан едвај спасивме жива глава од оваа пуста корона.Точно е, јас бев прва од публиката додека мојот иден сопруг Горан беше прв од жири комисијата.
Подготовките пак за претстојниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се во полн ек, а стартот е закажан за 10 септември на сцената на Долни сарај.
Годинава фестивалот ќе трае две вечери, Фолк и Интернационална, кои ќе се случуваат на 10 и 11 септември.
– Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп- композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер – вели првиот човек на „Охрид фест – Охридски трубадури“, Григор Копров.
На Фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други.
Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановски. Организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *