И ДЕНЕС ПОЖАР ВО ГЕВГЕЛИЈА. ИЗГАСНАТ Е ПОЖАРОТ НА БОРОВАТА ШУМА БЛИЗУ БОГОРОДИЦА

WEB Телевизија во живо

Денеска, во попладневните часови околу 12 часот, во Гевгелија избувна уште еден пожар над БП „Лукоил“- Гевгелија, на боровата шума покрај стариот пат кон Богородица. Од ТППЕ- Гевгелија информираа дека пожарот навремено е локализиран и истиот е изгаснат. Со помош на две пожарникарски возила, механизација и возило на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, механизација на градежната компанија „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАСНПОРТ“, граничната полиција, странската полиција, ПС- Гевгелија, вработените од хотелите „Скај“ и „Принцес“ БП „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица. Пожарот зафатил површина од 1 хектар борова шума и сува трева.
– Навремената интервенција го спречи пожарот да се прошири кон населеното место Богородица, БП „Лукоил“ и хотел-казината „Скај“ и „Принцес“. Уште една успешна акција, со која надлежните органи во соработка со граѓаните не дозволија да дојде до катастрофа од поголем размер. Причината за настанување на пожарот е човечки фактор, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна посебна благодарност до жителите од населеното место Богородица за нивниот придонес и соработката со надлежните органи, поздравувајќи ја потврдената одговорност кога се работи за катастрофи во кои се засегнати човечките животи и уништувањето на природата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *