ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ГОРАН ТАШЕВ БЕШЕ ПОВИКАН ВО СОСТАВ НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРОТИВ ВЕТЕРАНИТЕ НА „СКУГРИЌ“ ОД ГРАДАЧАЦ, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА.

Необичен спортски настан се одржа во петокот, на 30 јули, во Скугриќ кај Градачац мал град во Босанска Посавина, во Босна и Херцеговина. Се одигра ревијален фудбалски натпревар на кој се собраа триесетина играчи на репрезентацијата на поранешна Југославија. Селектор беше легендарниот фудбалски ас на ФК „Железничар“ од Сараево и на неколку грчки тимови, Никола Никиќ кој е роден токму во Скугриќ.
На овој настан беше повикан и фудбалерот на ФК „Кожуф“, Горан Ташев, но тој поради оправдани причини, не можеше да учествува на овој фудбалски спектакл. Во изјавата за ТВ Нова 12, Ташев напомена дека наредната година сигурно ќе биде дел од оваа ветеранска репрезентација а „ми претставува огромна чест и задоволство и привилегија за мене и ФК „Кожуф“ што сум повикан во составот на југословенските фудбалски ветерани, рамо до рамо со Ѕвезда Драган Џајић, Партизан Ненад Бјековић, загребачкиот Динамо Велимир Зајец, Хајдук Ивица Шурјак, Жељезничар Мишо Смајловић, Сарајево Мирсад Фазлагић, Борац Стојан Малбашић, Вележ Енвер Марић, Слобода Ризах Мешковић, Челик Кемо Хафизовић. Од Вардар Кочо Димитровски, Олимпија Бране Облак, Осијек Ивица Грња, Приштина Зоран Батровић, нишкиот Раднички Миодраг Реџа Стоиљковић, крагујевачкиот Раднички Сава Пауновић, Напредак Зоран Симовић. Од Ријеке Ненад Грачан, винковци Динамо Сулејман Халиловић, Војводина Ласло Леринц, ОФК Београда Звјездан Терзић, земунска Галенике Гезим Љаља, Рад Љубинко Друловић, Сутјеска Мојаш Радоњић, БудућностиДејан Савићевић, Милко и Бошко Ѓуровски.
Станува збор за познати играчи од бројни босански и херцеговски клубови, како и од Хрватска, Србија и Македонија. Интересно е што легендите ги водеше најстариот капитен на југословенската фудбалска репрезентација, оној од 1968 година, од славното финале со Италијанците – Мирсад Фазлагиќ.“
Иако беа ривали кои играа за Динамо, Хајдук, Црвена звезда, Партизан, Слобода, jeелезничар … сите велат дека се вратија на спортските терени и играа со ист жар за својата репрезентација – тогаш, за репрезентацијата на Југославија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.