ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СО КИНО ПРЕСТАВА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ИЗЛЕТНИЧКОТО МЕСТО „ДИНЌУТ“

WEB Телевизија во живо

Клубот на млади при Основната организација на Црвениот крст Гевгелија, во соработка со стручната служба при ОО Црвен крст Гевгелија, синоќа на излетничкото место “Динќут“ организираше кино претстава за своите членови и за сите граѓани на општина гевгелија. Осумдесеттина посетители имаа можност да го проследат американскиот филм „WONDER“( Чудо), на режисерот Стивен Чбоски. Се работи за семејна драма од 2017 година базирана на истоимениот роман од Паласио, во која главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс, Овен Билсон и Џејкоб Трембл. Приказната го следи развојот на момчето Август, кој има ретка абнормалност на лицето, Август тргнува во петто одделение во приватно училиште каде се спријателува со Џек. Тие двајца формираат силна врска додека се соочуваат со насилниците во своето одделение .Поучен филм за младите за тоа како не треба да постои дискриминација врз никаква основа во целиот свет со што се промовира принципот на еднаквост. Од организаторите се заблагодарија на СОУ „Јосиф Јосифовски“ за поддршката при организирање на овој настан и во иднина ветија уште вакви пријатни изненадувања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *