ЧЕТВОРИЦАТА ГЕВГЕЛИЧАНИ, БОШКО, ТОНИ, КРИСТИЈАН И АНГЕЛ, ПО ИЗМИНАТИ 150 КИЛОМЕТРИ ВО РАМКИТЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ 2021, ПРИСТИГНАА ВО СЛАВНОТО КРУШЕВО

WEB Телевизија во живо

Четворицата гевгеличани, Бошко, Тони, Кристијан и Ангел, вчеравечер, пристигнаа во Крушево. После изминати 150 километри, тие вчера најнапред поминаа низ Прилеп и во Кривогаштани им се придружија на коњаниците од Ново Лисиче, од Бигорскиот манастир и од Кичево, а во 18,30 часот пристигнаа во славното Крушево, каде беа срдечно пречекани од крушевчани. Тие ќе присуствуваат на прославата на 118 годишнината од Илинденското востание.Да потсетиме, овие гевгеличани, на 28 јули од манастирската црква „Свети Спас“тргнаа пеш кон историското Крушево,
На заминувањето тие порачаа „Ова е голем адет кој мора да си го исполниме, не заради нас и нашите илинденци од 1903-та, туку за нашите деца, за младите да не заборават кои се нашите корени, од каде потекнуваат, какви биле нашите војводи, што работеле, за што се бореле“, во еден глас истакнаа сите четворица од дворот на црквата „Свети Спас“.
Организатори на маршот се Унијата на млади сили и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *