ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗАВРШИ ЕВРОПСКОТО ВО ФУДБАЛ, ЗАПОЧНА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „КМФ МИРАВЦИ 2021“

По завршувањето на Европското фудбалско првенство , на кое настапи и миравчанецот Тихо Костадинов, наместо, како што беше планирано, на 18 јули, недела, поради временските услови, 32-от по ред турнир во мал фудбал „КМФ МИРАВЦИ 2021“ започна во понеделникот, на 19 јули. Екипите се поделени во 8 групи од по три екипи.
На првата натпреварувачка вечер екипата на „Кафе бар Проект“ ја совлада екипата на „Бачило Миравци“ со 2-1, додека во вториот натпревар 2Фризерско студио Кинг Гевгелија со високи 11-0 ја победи екипата на „Парис Меркјури“.
Резултати од натпреварите одиграни вчера, вторник, 20. 07. 2021:
Живинарска фарма Стокол Гевгелија – М-Тек Богданци 7:2
Демир Капија – Млекара Вардарец Удово 3:4.
Распоред за натпреварите за денес, среда, 21.07.2021:
21:30 јуниори 2007/08 Бел рај Миравци – Вамеса Гевгелија
22:00 Црна Река Возарци – Кафе бар Проект Јосифово
23:00 Бачило Миравци – Црна Река Возарци
Наградниот фонд на турнирот изнесува 210.000 денари, и тоа 100.000 за прво, 60.000 за второ, 40.000 за трето и 10.000 за четврто место.
Инаку, овој турнир е продолжение на веќе препознатливиот меморијален турнир „ТИХО“, а веќе втора година го организираат млади и амбициозни луѓе кои се обидуваат да го задржат духот и традицијата на спортот во Миравци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *