ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР БЕЛ“ ВО МРЗЕНЦИ

Започнаа подготвителните работи за изградба на улицата „Александар Бел“ во новата станбена населба, во населеното место Мрзенци. Имено, се работи за главната сообраќајница во станбената населба „Мрзенски Рид“, со должина од 850 метри и два крака од по 110 метри. Градежната фирма „Жикол“ која даде најповолна понуда на тендерската постапка, а по потпишувањето на договорот, веќе неколку дена со соодветна механизација работи на обележување и осигурување на трасата, расчистување на трасата од нискостеблести растенија, рушење на жичана ограда и потпорен ѕид до депонија и демонтажа на постоечки надземен мерен ормар. Во првата фаза, покрај подготвителните работи на главната улица, се предвидени и подготвителни работи за изведба на двата крака и изведба на долен строј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *