ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗАПОЧНА МЕМОРИЈАЛНИОТТУРНИР „ИВАН ПЕНОВ“

Во чест на Иван Пенов, кошаркарот на КК „Кожув“, кој прерано и трагично го загуби животот во февруари оваа година, во Гевгелија вчера започна Меморијален турнир во баскет 3×3. Меморијалниот турнир ќе трае до 4 август, денот на раѓање на Пенов. а натпреварите помеѓу пријавените екипи од Општина Гевгелија се играат на кошаркарското игралиште позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, која синоќа беше преполна со љубители на кошарката и роднини и пријатели на Иван. Меморијалниот турнир има натпреварувачки карактер, учествуваат 16 екипи 2000-2005 г. и 8 екипи 2006-2011 г. За победниците се предвидени парични награди, за прво место 400, за второ 200, а за трето место 100 евра. Ќе биде прогласен и победник во шут за 3 поени, а доделени и признанија за МВП на турнир и МВП на финале.
Инаку, целта на оваа акција е името на Иван Пенов да остане запаметено, со тоа што игралиштето ќе го користат сите деца кои сакаат да спортуваат и играат кошарка, продолжувајќи го патот на прерано згаснатиот кошаркар. Овој Меморијален турнир, кој се одржува во пресрет на неговиот роденден, 4 август, ќе биде традиционален.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.