ЗАМИНА ВО ВЕЧНОСТА ДАСТИ ХИЛ БАСИСТОТ НА „БРАДЕСТИТЕ“ БЛУЗ РОКЕРИ „ZZ TOP“

WEB Телевизија во живо

Дасти Хил, басистот на американскиот блуз рок-бенд „Зи Зи топ“ (ZZ Top), почина на 72-годишна возраст. Другите двајца членови на бендот, Били Гибонс и Френк Берд соопштија дека Хил починал во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас.
Претходно во јули, бендот објави дека Хил нема да свири на претстојните настапи поради повреда на колкот. Познат по својата бујна брада и очила за сонце, Хил свиреше со „Зизи топ“ повеќе од 50 години.
Гибонс и Берд во соопштението напишаа: “Ќе недостасуваш многу, амиго.“
Групата „Зи зи топ“ е формиран во 1969 година, а следната година го одржа својот прв концерт во живо.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *