ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВРЕМЕТО ПОЛУДУВА. ДОДЕКА БАЛКАНОТ ГОРИ, ВО БРАЗИЛ ПРАВАТ СНЕШКОВЦИ!!!

Историски бран на студ минува низ Бразил и веќе донесе снег во државата Рио Гранде до Сул на крајниот југ од земјата. Метеоролозите прогнозираат температури до минус 10 Целзиусови степени, а утре и сабота на 31 јули се очекуваат рекордно ниски температури во југоисточните градови. Луѓето излегоа на улица да се соберат и да направат Снешко Белчо.
Се очекува студот да влијае на посевите на кафе следната година, бидејќи студениот бран го погоди „центарот на појасот за кафе“ во Бразил.
За тоа време, Балканот буквално се пече под високите температури. Температурите се очекува да надминат 40 степени Целзиусови во некои области, потенцијално до 45 степени во Македонија и Грција за време на викендот.
Ова значително ќе ја зголеми заканата од пожар низ Медитеранскиот регион и Балканскиот Полуостров.
Јули донесе голема топлина главно на јужните и југоисточните делови на европскиот континент, додека значителни топлотни бранови отсуствуваа на запад.
Највисоките температури се забележани во Средоземното Море, Балканскиот Полуостров и Турција, повремено надминувајќи 40 степени. Топлината неодамна се прошири на обично постудената Велика Британија и Ирска.
Делови од Италија, Србија, Северна Македонија, Албанија, Романија, Бугарија и Грција се подготвени да „печат“ под екстремен и сув топлотен бран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.