ТОДОР АНЧЕВ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ИАКО НЕ ГО ЗАВРШИ „ШРИ ЧИНМОЈ МАРАТОНОТ“ ДОКАЖА ДЕКА „МОЈОТ НАПРЕДОК Е МОЈАТА ВИСТИНСКА ПОБЕДА“

WEB Телевизија во живо

Тодор Анчев, атлетичарот на АК „7-ми Ноември“ се најде вчера меѓу 140 учесници на Шри Чинмој маратонот 2021, кој по 22 пат се трчаше на кејот на реката Вардар во Скопје. Иако не успеа, поради оправдани причини, да го заврши овој маратон на „себенаднинување“, Тодор Анчев вели дека е задоволен со својот настап бидејки мотото на овој маратон се зборовите на Шри Чинмој, индискиот филозоф и духовен учител: „Јас не се натпреварувам со остатокот од светот. Јас се натпреварувам само со себе, бидејќи мојот напредок е мојата вистинска победа“ Му посакуваме на Анчев во иднина да продолжи со своите настапи и награди на другите атлетски трки.
Инаку, оваа година , Варенија Гагова во женска и Сашо Богојевски во машка конкуренција се победници на традиционалниот Шри Чинмој маратон на себенадминување. Бугарката Гаганова постигна време од 4:57:05, додека во машка конкуренција домашниот натпреварувач Богојевски го истрча маратонот со време од 2:53:36, пред сонародниците Тони Цветковски (3:10:36) и Столе Ангеловски (3:16:49) Во полумаратонската трка во женска конкуренција најбрзо време постигна Адријана Поп Арсова (1:29:00), додека кај мажите победи Дарио Ивановски со време 1:11:41. Натпреварувањето се одржа во организација на Македонската атлетска федерација и Шри Чинмој маратон тимот од Скопје.
„Шри Чинмој Маратон Тим“ активно соработува со Македонскиот Олимписки Комитет, Сојуз на спортови на град Скопје и на Македонија, како и со други спортски здруженија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *