ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ШУМСКИ ПЛОДОВИ НА „КОЖУВ“ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ СОБИРААТ ОД 1 АВГУСТ

Шумското стопанство „КОЖУВ“ од Гевгелија, подружницата на Македонски шуми, започна да издава дозволи за собирање шумски плодови.
“Тоа е во согласност со добиениот допис решение од дирекцијата на Македонски шуми, Сектор за користење на други шумски производи. Од 1 Август, сите кои сакаат можат слободно да ги собираат сите шумски плодови и лековити растенија кои можат да се најдат на планината Кожув. Се работи главно за печурки, малини, капини, боровинки, смрекинки, најразновидни билки и други плодови кои можат да се сретнат во природата. Но, мораат претходно да добијат дозвола за тоа од нашата подружница. Таа чини 400 денари од човек и важи за целата сезона на берење до 31 декември 2021 година.. За да се добие една таква дозвола, мора да се приложи лична карта”, појаснуваат од Шумското стопанство.
Оние кои ќе сакаат да откупуваат шумски плодови мораат да се јават во дирекцијата на Македонски шуми во Скопје каде што отакко ќе склучат договор и ќе се верификуваат како откупни центри, ќе можат да вршат откуп на шумски плодови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.