СО ПРЕДЛОГ ВОЗНИОТ РЕД, ДВА ПАРА ВОЗОВИ НА РЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА И ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ. ГРАЃАНИТЕ МОЖЕ СВОИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ДА ГИ ИЗНЕСАТ ДО 1 АВГУСТ

WEB Телевизија во живо

Железници на РСМ Транспорт АД Скопје до Општина Гевгелија достави проект за возен ред, за 2021-2022 година. Имено, од Секторот за патнички сообраќај информираат дека возниот ред е планиран и изработен врз основа на статистичките показатели на бројот и токовите на патници и врз основа на расположливите технички капацитети со кои ЖРСМ Транспорт АД Скопје располага. Според овој предлог возен ред на релацијата Скопје-Гевгелија и Гевгелија –Скопје се предлагаат по два пара возови во секој правец и тоа :
Возен ред за релација СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА, 06:23 и 16:55 ч.
Возен ред за релација ГЕВГЕЛИЈА- СКОПЈЕ, 04:26 и 16:55 ч.
Доколку граѓаните од општина Гевгелија имаат забелешки или нови предлози по проектот за возниот ред, истите да ги достават до 1 август, 2021 година по електронски пат, на следниве е-маил адреси: nikolcenikoloski@mztrasportad.com.mk ; и sasajovanovski@mztransportad.com.mk ; или писмено на следнава адреса со назнака: ЖРСМ Транспорт АД- Скопје, Патнички сообраќај „3-та Македонска бригада“ бб 1000 Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *