ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОД УТРЕ, СРЕДА, 14 ЈУЛИ, ЗАПОЧНУВА ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН

Од утре, среда, 14 јули, 2021 година започнува теренската акција за вакцинирање на населението против КОВИД-19 во населените места во општините Гевгелија, Дојран и Богданци, за кои е надлежна и здравствено ги покрива Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Теренското вакцинирање ќе трае до 27 јули, 2021 година. Населението не постаро од 60 години ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. Општата болница подготви планер, со термини за спроведувањето вакцинација, за што во секое населено место е поставен плакат со информации за локацијата.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ги повикува граѓаните од Општина Гевгелија да се вакцинираат и да одговорат со масовност во утврдените термини за вакцинирање, затоа што, вели тој, имунизацијата е единственото оружје против заболување и развивање тешка форма на болеста.
Во наредните две недели теренската вакцинација ќе ја вршат здравствените работници на Општата болница-Гевгелија, според следниот распоред:
14 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Богородица; 10:00-12:00 ч.- Стојаково; 12:00-13:00 ч.- Селемлија;
15 јули, 2021: 08:00-09:00 ч.- Милетково; 09:00-13:00 ч.- Миравци;
16 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Давидово; 10:00-11:00 ч.- Габрово; 11:00-12:00 ч.- Петрово;
19 jули, 2021: 08:00-09:00 ч.- Кованец; 09:00-13:00 ч.- Негорци;
20 јули, 2021: 08:00-11:00 ч.- Нов Дојран; 11:00-13:00 ч- Стар Дојран;
21 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Мрзенци; 10:00-12:00 ч.- Прдејци; 12:00-13:00 ч.- Смоквица;
22 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Николиќ; 10:00-11:00 ч.- Црничани; 11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка; 10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин; 10:00-12:00 ч.- Ново Конско.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.