ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОД ГОДИНА ВО ГОДИНА РАСТЕ БРОЈОТ НА ГНЕЗДА НА ШТРКОВИ ВО СТОЈАКОВО

Месната заедница од Стојаково во Богданци неодамна ги преброја активните гнезда на штркови, при што установи дека има 47 гнезда, 94 возрасни и 163 млади штркови.
– Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите, информираат на својот фејсбук-профил од Месната заедница.
Во 2018 година во Стојаково се избројани 37 гнезда, со 74 возрасни и 134 млади штркови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *