ГРАЃАНИТЕ НА ГЕВГЕЛИЈА БАРААТ ИЗМЕНА ВО ВОЗНИОТ РЕД, УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД ГЕВГЕЛИЈА НАМЕСТО ВО 04:26 ЧАСОТ ДА ТРГНУВА ПОДОЦНА, МЕЃУ 04:45 И 05:05 ЧАСОТ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија достави забелешка по проектот за возниот ред, за 2021/2022 година до Железници на РСМ Транспорт АД Скопје. Забелешката е од патувачкиот свет во општина Гевгелија, од страна на студентите, учениците и другите патници. А, се однесува на раното поаѓање на возот бр. 630, во правец на обраќање Гевгелија- Скопје, односно во 04:26 часот. Иницијативата на патувачкиот свет е горенаведениот воз да тргнува малку подоцна, во периодот од 04:45 до 05:05 часот. Имено, ЖРСМ достави проект за возниот ред до Општина Гевгелија, планиран и изработен врз основа на статистичките показатели на бројот и токовите на патници и врз основа на расположливите технички капацитети, со кои ЖРСМ Транспорт АД Скопје располага. Граѓаните можат да доставуваат забелешки или нови предлози по проектот за возниот ред до 1 август, 2021 година по електронски пат, на следниве е-маил адреси: nikolcenikoloski@mztrasportad.com.mk и sasajovanovski@mztransportad.com.mk или писмено на следнава адреса со назнака: ЖРСМ Транспорт АД- Скопје, Патнички сообраќај „3-та Македонска бригада“ бб 1000 Скопје.
Возен ред за релација СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА, 06:23 и 16:55 ч.
Возен ред за релација ГЕВГЕЛИЈА- СКОПЈЕ, 04:26 и 16:55 ч.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *