ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ. ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА А КРИСТИНА УЗУНОВА ТРЕТА ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА МЕМОРИЈАЛОТ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ-ЏИНГАР“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА.

На првата Меморијална атлетска трка “Миле Јаневски Џингар” која се одржа денеска, сабота на 24.07.2021 година во Македонска Каменица, атлетичарката на АК „7-ми Ноември“Валентина Узунова во женска конкуренција го освои првото место, додека нејзината клубска колешка Кристина Узунова беше трета. Во машка конкуренција, членот на АК „7-ми Ноември“ Никола Ковачев го зазеде 21-то место. На трката која беше во должина од 10 километрид и која беше комбинација од асфалтен пат и земјена (тревна) патека во природа, учество зедоа 80 тркачи, 20 во женска и 60 во машка конкуренција.
Инаку трката ја организираа ентузијасти од Македонска Каменица, во чест на 50 годишнината од раѓањето на бранителот од воениот конфликт од 2001 година, Миле Јаневски Џингар кој загина на 28 април 2001 година.. Стартот на трката беше во неговото родно место Костин Дол (маало Ума) и заврши пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.