ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЕКИПАТА НА „КМФ ПРОЕКТ“ ОД ЈОСИФОВО ВО ПРЕЛИМИНАРНАТА РУНДА НА ФУТСАЛ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ЌЕ ИГРА ВО ГЕВГЕЛИЈА!!

Гевгелија ќе биде градот-домакин на прелиминарната рунда во футсал ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ, каде македонскиот шампион КМФ ПРОЕКТ од Јосифово ќе ги пречека своите противници од Израел, Малта и Велс.
Натпреварите од групата “А” ќе се одиграат на 21, 22 и 24-ти Август во спортската сала 26-ти Април во Гевгелија.
Љубителите на футсалот и спортот воопшто од регионот ќе можат да бидат дел од овој несекојдневен настан од најеминентното футсал натпреварување, каде согласно моменталните протоколи за присуство на публика на спортски натпревари е дозволено присуство на 30% од капацитетот на гледалиштето, односно во Гевгелија ќе можат да присуствуваат по околу 500 гледачи на натпревар.
Во оваа прелиминарна рунда од футсал-лигата на шампиони се натпреваруваат 32 екипи распоредени во осум групи, каде само првопласираните продолжуваат понатаму.
Футсал Лигата на шампиони на УЕФА се враќа во својот редовен формат за 2021/22 и сезоната започнува со прелиминарното коло од 21 до 25 август.
Четири нации (Шпанија, Португалија, Русија и Казахстан) влегуваат со два клуба и на осумте претставници на тие земји – вклучително и носителите на Спортинг ЦП ќе им се придружат победниците од Прелиминарната рунда

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *