АРДА МУСТАФАОГЛУ, МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ ПИЈАНИСТ ЗА КОЈ СВЕТОТ ДОПРВА ЌЕ СЛУША, ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Младиот пијанист за кој светот допрва ќе слуша, а нашата држава ќе биде навистина горда, Арда Мустафаоглу, доаѓа во Гевгелија. Тој го оствари својот најголем сон. Имено, минатата година беше примен на реномираниот Факултет за музика и театар на Универзитетот во Хамбург, каде што го продолжи своето понатамошно образование.
Солистичкиот концерт на пијанистот АРДА МУСТАФАОГЛУ ќе се одржи на 27 јули (вторник) 2021 година во малата сала на Народен театар – Гевгелија со почеток во 20 часот. Концертот е во организација на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија, Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија и Музички моменти – Гевгелија а е поддржан од страна на Министерството за култура. На програмата ќе се изведуваат дела од: Ј.С. Бах, Скарлати, Шопен и Брамс. Влезот за овој настан е слободен и ќе се организира со почитување на здравствените протоколи за јавни настани.
„Јас не чувствувам никаков напор кога го правам она што го сакам, напротив уживам во секој момент кој го поминувам со клавирот. Тоа е мое најголемо задоволство. Обожувам да се соочувам со нови предизвици, да чекорам кон моите соништа. Секојдневната замисла и желбата за нивно остварување го носи мотивот за неуморно настојување кон нив.
Ние, уметниците не можеме да се врземе за државата каде што сме родени. Ние припаѓаме на светот! Многу сум млад за да ги предвидам моите планови после студирањето, но секако дека ќе доаѓам во Македонија.“, вели во едно интервју овој млад но исклучително надежен пијанист.
Пијанистичката кариера АРДА МУСТАФАОГЛУ ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни пијанистички натпревари:
За својот придонес во светската афирмација на градот Скопје, на Арда Мустафаоглу му е доделена наградата „13 Ноември“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *