ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

36 ГОДИНИШНИНА ОД КОНЦЕРТОТ ЗА ГЛАДНИТЕ ВО ЕТИОПИЈА „LIVE AID“, ДЕНОТ КОГА СВЕТОТ СЕ ВРТЕШЕ ВО РИТАМОТ НА РОКЕНРОЛОТ

Неверојатно.Неповторливо. Незаборавно.
Live Aid беше добротворен концерт што се одржа во саботата на 13 јули 1985 година, како иницијатива за собирање средства за гладните во Етиопија. Оригиналниот настан беше организиран од Боб Гелдоф и Миџ Јур. Насловен како „глобален џубокс“, настанот се одржа истовремено на стадионот „Вембли“ во Лондон, Велика Британија, на кој присуствуваа околу 72.000 луѓе и на стадионот „Џон Ф. Кенеди“ во Филаделфија, САД, на кој присуствуваа 89.484 луѓе
Се сеќавам, беше сабота, 13 јули 1985 година. Се сеќавам и како беше најавен овој до тогаш невиден музички, телевизиски и хуманитарен спектакл, за гладните во Етиопија, кој до тогаш можевме само да го сонуваме во нашите млади рокерски глави. Водителот најави, Пладне е во Лондон, 7 наутро во Филаделфија, а низ целиот свет е време за „Live aid“. И, тогаш стана лудница, со широко отворени очи, не помислувајќи да се помрднам од пред екранот, освен, нормално за неопходните физиолошки потреби, пред мене се одвиваше историја, На телевизиските екрани се редеа тогаш најголемите светски рок и поп ѕвезди, на број 76. А, кога сето тоа заврши, ненаспан и од премногу гледање во екранот, пред очите ми играа вистински ѕвезди. Но, не се жалев тогаш, затоа што бев еден од околу 2 милијарди гледачи во светот, и што знаев дека еден ден на моите деца ќе можам да им кажам, да, вашиот татко присуствуваше на историски концерт, кој никогаш потоа не беше повторен, а тешко да ќе биде повторен и во иднината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *