ПРЕКУ ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА ИМУНИЗИРАНИ СЕ 1.554 ЛИЦА ОД ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН.

Преку теренската вакцина која се реализираше од 14 до 27 јули, 2021 година во населените места од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, се вакцинирале вкупно 1.554 лица. И, тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани, Ѓопчели, Фурка, Ѓавото, Богданци, Моин и Ново Конско. Теренската вакцинација ја реализираше медицински тим од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, секој работен ден, согласно изработениот план и распоред за вакцинирање на жителите во населените места.
Вкупната бројка на вакцинирано население со прва доза против КОВИД-19 од трите општини за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија до понеделник изнесуваше 8.666 лица, а бројот на ревакцинирани- 2.321. Во тек е масовното вакцинирање на граѓаните без закажување термин и на млади и деца на возраст од 12 до17-годишна возраст со закажан термин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *