ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛА БИТКАТА ПОМЕЃУ ЦАРОТ САМОИЛ И ВИЗАНТИСКИОТ ЦАР ВАСИЛИЈ ВТОРИ ПОЗНАТА КАКО „БИТКАТА НА БЕЛАСИЦА“

На денешен ден, 29 јули 1014 г. помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II се случил воен судир познат како „Битката на Беласица“
Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството
Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината Прилеп. Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и Самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 г.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот цар Василиј II.Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 г. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 г. од страна на папата Григориј V.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *