ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦА И МЛАДИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАПОЧНУВА ВО СРЕДА. ДОСЕГА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРВА ДОЗА ПРИМИЛЕ 5785 ГРАЃАНИ А ВТОРА ДОЗА 1875.

Во Гевгелија имунизацијата на деца и млади од 12 до 17 години ќе започне од среда, 21 јули, ни изјави директорот на Општата болница со проширена дејност Гевгелија, Митко Крџев. Утре, ннформираше тој ќе се одржи обука на медицинскиот персонал за апликација на вакцината на Фајзер. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца, а во Гевгелија за вакцинација се пријавиле 40 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.
Инаку, според дадените податоци од Општата болница, досега во двата вакцинални пункта во Гевгелија, прва доза вакцина против КОВИД- 19 примиле 5785 граѓани, а втора доза примиле 1875 граѓани. Населението не постаро од 60 години се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“.
Oд почетокот на теренската вакцинација против КОВИД-19 до петокот, изминатата недела, се потрошиле 344 дози, истакнаа од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *