ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗОШТО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА НЕМА ТУРИСТИЧКО БИРО И СУВЕНИРНИЦА?

Во општина Гевгелија во моментот нема туристичко биро. Пред десеттина години беше отворен Туристички информативен центар на улицата „Маршал Тито“, но денеска, не знаеме од кои причини, оваа барака, каде се наоѓаше овој центар, е дадена на ЈПКД „Комуналец“ и претворена во нивни пункт за наплата. Ваква институција, Туристичко биро, мора под итно да се конституира повторно, бидејќи гости доаѓале и ќе доаѓаат се’ повеќе во општина Гевгелија, а нема каде да добијат информации за туристичката понуда. А, општина Гевгелија може многу нешто да им понуди на домашните и странски туристи. Тука се изворите на термални и минералните води, поволната геопрометна положба, развиениот казино туризам, близината на граничниот премин кон Република Грција, одморалиштата на Кожуф Планина, климатските и вегетациските карактеристики и можностите за лов ( во резерватот Милисин) и риболов во бистрите води на реките на Кожуф Планина.
Сите овие погодности се извонредна можност за зголемен развој на транзитниот туризам, казино туризмот, геотермалниот–бањски туризам, селски туризам, планински, лов и риболов, ски-туризмот на Кожуф Планина и друго.
Градоначалникот на општината, Сашо Поцков, во неодамнешна изјава истакна дека со формирањето на Туристичката асоцијација на Гевгелија, која пред се е приватна иницијатива, се сметало дека членовите на оваа асоцијација, освен со поголемо ангажирање на поттикнувањето на туристичката промоција на општина Гевгелија, ќе се ангажираат и во отворање на Туристичко биро. Но, и по изминат одреден период, оваа Асоцијација не покажа доволно заинтересираност за работа врз промоцијата на Гевгелија, како туристичка дестинација. Затоа, вели Поцков, доколку е тоа потребно, општина Гевгелија е подготвена поинтензивно да се вклучи во сета оваа работа. Ние, вели тој, финансиравме веќе во изработката на Стратегијата за развој на туризмот од 2021 до 2025 година, изработена од Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, а подготвени сме и да ја ставиме во функција сувенирницата на ГП Богородица, која беше отворена во 2013 година, токму за промовирање на туристичките потенцијали на Гевгелија на туристите кои транзитираат низ неа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.