ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО СКОПЈЕ НИКНА „БОСТАНИЕ“,ПРВАТА ОПШТЕСТВЕНА (ЗАЕДНИЧКА) ГРАДИНА

На површина од околу 3.000 квадратни метри во Општина Аеродром, никна првата општествена (заедничка) градина, каде граѓаните ќе работат на здружено градинарство.
„Ова е прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок“, вели Општината.
Градината ја изведе граѓанската организација „Зелената арка“ во паркот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, крај брегот на реката Вардар.
Заедничката градина се изведува како дел од проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со пари обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.
Општествената или заедничката градина е простор наменет за одгледување претежно градинарски култури и други едногодишни или повеќегодишни јадливи растенија, каде што граѓаните на Скопје заедно можат да градинарат и ако сакаат плодовите од градината да ги ползуваат како додаток при личната исхрана.
По јавниот повик за учество во 2019 година се пријавија над 160 граѓани со желба заеднички да градинарат. Бројот на заинтересирани граѓани беше над пет пати поголем отколку што можевме да понудиме на просторот од 3.000 м2. Па така, сега постојат две можности – најмногу од своето градинарско внимание да го посветат на определени 50 м2 во текот на една календарска година или повремено да градинарат на различни делови од општиот заеднички простор со површина од околу 1.500 м2.
Со ова се поттикнува пренамената на тревниците во градини со јадливи растенија, за да се поткрепи локалното население со локално произведена храна, според примерот на Куба, за така долгорочно да се зголеми отпорноста и приспособливоста на заедниците во однос на претстојните еколошки, климатски, социо-економски, здравствени или политички кризи, слични на тековната предизвикана од КОВИД-19. Историски гледано жилавите заедници што си произведувале храна во рамките на населбите каде што живееле, успевале да преживеат и опсади и пандемии.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *