ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА, ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ЗАПИШАНИ 148 УЧЕНИЦИ. МЕСТО ИМА ЗА УШТЕ 138 УЧЕНИЦИ.

WEB Телевизија во живо

Во првиот уписен јунски рок, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се запишани вкупно 148 ученици. Од нив, 57 во гимназиското образование, 14 за физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра, за економски техничар се запишале 32, за хотелско-туристички техничар 24, за готвач-келнер 8, и за машински техничар за моторно возило, 13.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.
Инаку, според Конкурсот, вкупно 286 ученика во 10 паралелки може да се запишат во СОУ Јосиф Јосифовски во Гевгелија каде, од оваа година се воведува и Здравствена струка со образовен профил физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра каде треба да се примат 25 ученика. Освен за ова струка во СОУ Јосиф Јосифовски има и Угостителко туристичка струка каде може да се запишта 50 ученика во две паралелки а 50 ученика може да се запишат и во Машинската струка. За овие две струки како и за економско правната струка каде може да се запишат 50 ученика во соработка со тамошни компании.
Во Ова училиште има и Гимназиско образование каде ќе се запишта 102 ученика во 3 паралелки и една со 34 ученика која ќе биде македонско-француска билингвална паралелка

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *