ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

САШО ПОЦКОВ:ДОСТАВИВ КАНДИДАТУРА ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Јас сум подготвен да побарам доверба од граѓаните на општина Гевгелија за втор градоначалнички мандат, изјави за ТВ Нова 12, актуелниот градоначалник на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Во СДСМ веќе тече постапката за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и град Скопје за локалните избори 2021 година, рече Поцков во изјавата, и јас ја доставив својата кандидатура. На списокот на кандидати за градоначалник на општината од Гевгелија се неколку имиња, а меѓу нив е и моето, истакна Поцков.
Лично сум задоволен од сработеното во изминатите четири години, и доколку ја добијам довербата од мојата партија, ќе се тркам за втор мандат како градоначалник на општина Гевгелија, заврши Поцков, велејќи дека е убеден во тоа дека било кој да биде кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од редовите на СДСМ, тој смета дека ќе победи на престојните локални избори наесен и дека СДСМ повторно ќе има мнозинство во Советот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.