ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПРВО МЕСТО ЗА ЛЕОНИД ЦУКЛЕВ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА . ИВАНА ГРУЈИЌ ТРЕТА , А СОФИЈА ИВАНОВА И КРСТЕ КОВАЧЕВ СО ПОФАЛНИЦИ. СОЛИДНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЈОВАНА ЃОРЕСКА И ИЛИЈА ИВАНОВ.

Со прекрасна и преубава вест денеска го заокружуваме крајот на оваа учебна година.
На Државниот натпревар по физика кој се одржа на 5 јуни во Скопје, во конкуренција на 147 учесници, осмоодделенецот од ООУ „Климент Охридски“, Леонид Цуклев, под менторство на наставникот Лазар Ангеловски, со 91 бод го освои Првото место и Првата награда!
Осмооделенката Софија Иванова,од ООУ „Крсте Мисирков“, под менторство на Билјана Иванова, на истиот натпревар доби пофалница.
Во конкуренција на деветоодделенци, ученичката Ивана Грујиќ од ООУ „Владо Кантарџиев, под менторство на наставничката Александра Ѓоргиева, го освои одличното трето место, додека Крсте Ковачев, од ООУ „Крсте Мисирков“ под менторство на наставничката Билјана Иванова доби пофалница.
На истиот натпревар учествуваа и уште двајца ученици од ООУ „Крсте Мисирков“, Јована Ѓореска од 9 одделение и Илија Иванов од 8 одделение кои имаа исто солиден резултат и успешно учество под менторство на наставничката Билјана Иванова.
Телевизија Нова 12 им ги честита овие награди на учениците и им посакуваме уште многу успеси и награди во иднина!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *