ПРОДОЛЖИ ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ЛИЦА НАД 65 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Масовната имунизација на населението од општина Гевгелија против Ковид-19,продолжи денеска со новопристигнатите 700 дози од кинеската вакцина ,,Синовак,,соопштија од Општата болница со проширена дејност.
Покрај гевгеличани,на два вакцинални пункта се вакцинираат и жители од општините Богданци и Дојран кои треба да бидат на возраст над 65 години.
Директорот на болницата,Митко Крџев,посочи дека дневно ќе се имплицираат по 170 дози од вакцините на двата пункта во гевгелиската Општа болница и тоа само на лица пријавени преку апликацијата ,,Мој термин,, кои по добивањето порака треба да се јават во закажаниот термин на пунктовите сместени во поранешното одделение за кожни и венерични болести.
Покрај ова директорот Крџев нагласи дека во зависност од бројот на пријавените можно е на дневна основа да се намалува и старосната граница на пријавените лица за вакцинација.
Инаку,од модуларната Ковид болница во Гевгелија,последниот пациент заболен од Ковид-19 е пуштен дома на 23 мај,а официјално од 31 мај модуларната болница е затворена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *