ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПРЕТСТАВАТА „УМРИ МАШКИ“ ЈА ДОКАЖА УШТЕ ЕДНАШ ВИТАЛНОСТА НА ГЕВГЕЛИСКАТА АМАТЕРСКА ТЕАТАРСКА СЦЕНА.

Со претставата „Умри машки“ од познатиот италијански комедиограф Алдо Николај, видена од окото на режисерката Катица Џишева Дупарова, и со динамичната играта на Eлена Брзилова, Силвестер Проле и Каме Ќаев, Домот на културата „Македонија“ не само што во ова ковид (не) време ја привлече театарската публиката од Гевгелија, туку уште еднаш ја докажа и виталноста на гевгелиската аматерска театарска сцена.
Доказ за горенаведеното е фактот што Билетите за претставата „Умри машки“ за сите четири прикажувања, на 11, 12, 15, и 17 јуни се РАСПРОДАДЕНИ, а на 27 јуни оваа претстава ќе се игра и за граѓаните на Богданци.
Публиката во Народниот театар, со смеа и аплаузи ја проследи урнебесната комедија на актерската екипа која го понесе главниот терет, а режисерката Џишева Дупарова направи питка претстава која се гледа со задоволство.
Инаку претставата „Умри машки“ е приказна за една млада убава, фантастична жена, која сите работи ги решава неверојатно брзо и со љубов и која што сака да и се возврати таа љубов. Доколку случајно некој, кој таа го сака, не успее да и ја врати со ист интензитет љубовта што ја дарува, тогаш тој мора да се соочи со сите нејзини „оружја“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *