ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ПОШИРОКИОТ СПИСОК ЗА КАДЕТСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДОА И ТОДОР И ДИМИТАР УЗУНЧЕВИ, ЧЛЕНОВИ НА РК „ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА

Селекторот на машките ракометни репрезентации, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари, од кој ќе се прави селекција на играчите за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во Македонија во август 2021.
Лазаров за старт одбра 39 ракометари, кои ќе треба да поминат низ првото сито, односно изборните тренинзи. На овој список се најдоа и двајцата млади ракометари на РК „Партизан 2016 Спорт“ од нашиот град, Тодор Узунчев, роден 2004 година и Димитар Узунчев, роден 2005 година. Самото повикување во овој поширок список на ракометари кадети е голем успех за овие играчи, кои се најмладите на списокот на селекторот Кире Лазаров, на кој се најдоа ракометари од генерацијата родени 2002 година.
Собирот на кадетите ќе биде на 22 јуни од 8:30 часот во салата во Автокоманда во Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.