ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1946 РОДЕН СЛАВЕ ДИМИТРОВ, АВТОР НА БЕЗВРЕМЕНАТА ПЕСНА „ЧИЈА СИ“.

На 1 јуни 1946 година во Битола е роден Славе Димитров, познат македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент. Кариерата како музички автор, аранжер и изведувач ја започнал во Битола. Во 1971 година на Фестивалот на забавна музика „Скопје“ за првпат е изведена неговата легендарна песна „Чија си“, која доживеа повеќе верзии и безброј изведби кај нас и во странство.
 
“Музиката за “Чија си” е компонирана во текот на 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот на музиката се создадени во Скопје во 1971″, вели Славе Димитров за својот хит. “
Димитров успешно учествувал на речиси сите забавно-музички фестивали во СФРЈ. Многу негови песни станаа хитови („Нежност“, „Има една мома“, „Тивко тивко“, „Дали да ти пријдам“, „Момчето со мандолина“ „Есенска роза“, „Ѕма ѕма ѕм“, „Ти само збориш“…) Големо место во неговиот опус зафаќа музиката што ја компонира за ТВ серии, драми, филмови, театарски претстави („Исправи се, Делфина“, „Големата соба“, „Томе од бензинската пумпа“, „Опстанок“, серијата за деца „Загубено па најдено“…).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.