НА 12 ЈУНИ 1929 ГОДИНА РОДЕНА Е АНА ФРАНК. ВО СВОЈОТ ДНЕВНИК ЌЕ ЗАПИШЕ,„И ПОКРАЈ СЕ, ЈАС ВЕРУВАМ ДЕКА ВО СРЦЕТО ЛУЃЕТО СЕ ДОБРИ“

WEB Телевизија во живо

Приказната за Ана Франк е една од најпотресните приказни од Втората светска војна. Храбрата млада девојка која се криела во куќата на добри луѓе и која водела дневник за време на нејзиното криење до ден денес претставува симбол на отпорот, невиноста и чистата душа наспроти сето зло кое сеело смрт и омраза во тие ужасни години.
Семејството на Ана избегало од Германија во 1933 година и отишло во Холандија, со цел да го избегне антисемитизмот и прогонувањето на Евреите коешто започнало уште на самиот почеток на владеењето на Хитлер. По започнувањето на Втората светска војна и напредокот на Хитлер, во 1942 година, целото семејство почнало да се крие со помошта на Миеп Гиес, човекот за кого работел Ото Франк, таткото на Ана.
Тие успешно се криеле 2 години, до 4 август 1944 година, кога во куќата и нивното скривалиште влегла тајната полиција која ги уапсила и одвела во логор. Се уште не се знае кој ги предал, официјалната верзија е дека анонимен извор ја поднел пријавата.
Тие биле пренесени во логор и единствен преживеан од семејството е Ото Франк, таткото на Ана, кој по завршувањето на војната се враќа назад и го пронаоѓа дневникот и решава да го даде на некоја издавачка куќа за да го издаде. „Дневникот на Ана Франк“ излегува во продажба 1947 година, две години откако починала од тифус. Починала само неколку недели пред да пристигне ослободителната војска и распуштањето на логорот. Таа имала само 15 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *