ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

„ЛЕТЕН КАРВАН НА КНИГАТА 2021“. НАБАВЕТЕ СИ КНИГИ ПО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија во соработка со Дом на култура-Гевгелија и Македонската асоцијација на издавачи организираат “Летен карван на книгата 2021”. Карванот е поставен пред платото на Народниот театар од 16 до 19 јуни 2021 година. На карванот со свои изданија ќе бидат застапени издавачките куќи: Арс Ламина, ТРИ, Полица, Антолог, Култура, Сакам книги, Бата прес, Паблишер и Феникс. На саемот може вљубениците на убавиот пишан збор од општина Гевгелија да си купат книги по намалени цени.
Инаку, оваа своја летна книжевна авантура низ повеќе градови на Македонија, МАИ ја започна од 2 до 6 јуни 2021 година во Струмица, а Гевгелија е втората дестинација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.