ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЈУНИ Е МЕСЕЦОТ КОГА Е РОДЕН ПЕТРЕ МИТО АНДРЕЕВСКИ, АВТОРОТ НА „ПИРЕЈ“ И „ДЕНИЦИЈА“

Во романот “Пиреј“ Андревски за македонскиот народ ќе каже: „Плeмeто наше е пиреј и не го ништи ни една вojска! Ама ти колку сакаш кошкaj ја, кopни ја, kyби ја, таа пак не умиpa. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“
Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели.
Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи, а неговото творештво е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Еден од неговите најпознати романи е „Пиреј“, кој македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, додека збирката „Дениција“ се смета за химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.
Сакам да ве потсетам на една голема мудрост од неговите дела.
„За држава треба цар, даскали, доктори, писари, а ти имаш само болви и болвосерки. Македонија е само едно големо буниште.“ Вака пишуваше големиот Петре М. Андреевски, како да ги предвидуваше тешките времиња кои ќе дојдат за опстојување на Македонија и Македонците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.