ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГОЛЕМИОТ ХЕРБЕРТ ФОН КАРАЈАН СЕПАК ИМА МАКЕДОНСКА ЖИЧКА.НЕГОВИОТ ПРА – ПРАДЕДО ЃОРЃИ ЈОАН КАРАЈАН Е РОДЕН ВО КОЖАНИ, БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА.ПОТОМЦИТЕ НА РАЗГРАНЕТОТО СЕМЕЈСТВО КАРАЈАН СЕУШТЕ ЖИВЕЕЛЕ ИЛИ ЖИВЕАТ ВО ГЕВГЕЛИЈА И СКОПЈЕ, КАКО ВАНЧО КАРАЈАНОВ, КОЉО КАРАЈАНОВ, ИЛИЈА КАРАЈАНОВ, ПЕРО КАРАЈАНОВ, ВЛАДО КАРАЈАНОВ, ПЕТАР КАРАЈАНОВ

Херберт Ритер фон Карајан ( 5 април 1908 Салцбург, 16 јули 1989, Аниф кај Салцбург) бил австриски диригент.
После школувањето на конзерваториумот во Виена, во декември 1928 годна, со оркестарот на оваа музичка установа ја почнува својата диригентска кариера. Настапувал низ Европа и светот, а најсветли моменти во неговата кариера се настапите со Виенската и Берлинската Филхармонија како и уметничкото раководење со овие два ансамбли. Во сеќавање на љубителите на класичната музика е неговиот настап со Виенската Филхармонија на Новогодишниот Концерт во 1987 година.
Тој е еден од најистакнатите диригенти на поствоениот период и се смета за еден од најсниманите светски диригиенти. Карајан диригирал со Берлинскиот филхармониски оркестар 35 години, кон крајот на 1954 година доаѓа на местото уметнички раководител, должност која ја остварува сè до своето повлекување во април 1989 година.
Но, малкумина знаат дека семејниот пат на фамилијата Карајан започнува токму од Македонија. Тоа прво го чув од познатиот македонски композитор роден во Гевгелија, професор, д-р Томе Манчев,.Тој во 1998 година презентирал и научни аспекти за потеклото на Херберт фон Карајан.
Се присетувам, вели тој, во 1980 год.на манифестацијата „ Струшка музичка есен“, младиот хрватски музиколог Здравко Блажевски приреди изненадување со својот реферат за Тереза Марија и Даниел фон Жефалович – композитори од македонско потекло на крајот од класиката се разбира во тогашната европска метропола Виена.
Искрено, морам да признаам: за мене овој момент беше многу силен и побуди желба за расветлување на потеклото и на други веќе познати светски личности, пред сè: Потеклото на големиот австриски диригент Херберт Фон Карајан.
Јас, како гевгеличанец, пишува Манчев, се сеќавам на многу разгранетото семејството Карајанови, пред сè на Ванчо Карајанов – долгогодишен директор на комбинатот „Винојуг“; Кољо Карајанов – занаетчија (познато старо овчарско семејство кое од колено на колено го негува овчарството како примарен егзистенционален извор за физичко опстојување, а од друга страна многу битен елемент за овој научен труд; Илија Карајанов – професор по литература и познат поет; Перо Карајанов – мој професор по англиски јазик од гимназиските денови и др…
Карајанови живееле и живеат и во Скопје: Владо Карајанов, инжинер во „Металски Завод Тито“ – Скопје; Петар Карајанов – политичар и др.Но според искажувањата на академик Властимир Николовски, Карајанови се среќаваат и во Загреб.
Еве што му изјавил на Томе Манчев, Ванчо Карајанов од Гевгелија:
„ Во Гевгелија, во 18-от век, отпочнал процес на доселување од околните села, Меѓу тие доселеници било и семејството на Карајанови. Војската на бегот ги прогонувала и убивала доселениците. Меѓутоа малото дете од Карајанови не го убиле затоа што трговците кои тргувале со Виена го однеле со нив, и во Виена го вработиле кај некој Македонец – фурнаџија. Момчакот, кога пораснал, се оженил и го задржал презимето Карајан… Тој е прадедо на Херберт Фон Карајан… Сето горе напишано го знам од моите родители и од мојот дедо Гоно Карајанов…“
Писмената изјава е од 14 март 1997 г. Напишана и потпишана своерачно.
Ванчо Карајанов како долгогодишен директор на комбинатот Винојуг, деловните врски со Австрија сакал да ги искористи и за средба со фон Карајан. Иако средбата била закажана некаде во текот на седумдесеттите години од 20 век, до неа не дошло бидејќи Карајан итно морал да замине за Франција. Точно е. Од 1969 тој е музички советник на Оркестар д Пари. Лично Карајан со извинување и жалење му се обратил на Ванчо Карајанов, за неуспехот на средбата. Усна изјава на Ванчо Карајанов, а истата содржина ми ја соопшти и Илија Карајанов, професор по литература и поет.
А, што велат фактите. Жан Лопен во статијата Херберт Фон Карајан по повод неговата смрт, во весникот „Ле Монд“ од 22.07.1989 година, публикувана во „Музикални хоризонти“ бр.9 од 1989 г. – „Сојуз на музикалните дејци“, Софија, во превод од француски на бугарски јазик од страна на Ана Радославова вели:
„Предците на Херберт Фон Карајан по таткова линија се преселени од Македонија. Неговиот прадедо, кој се презивал Карајанис, емигрирал 1792 година. Во Саксонија и наскоро после тоа ја добива дворската титула. Таткото на Херберт е голем, познат хирург и страстен љубител на музиката – свирел на кларинет. Мајка му, Марта Космак, по потекло е Словакијка.
А, што пишува за потеклото на големиот Херберт фон Карајан во „Википедија“:
Херберт фон Караjaн е син на буржоаско салцбургско семејство од македонско, грчко или влашко (ариманско) потекло. Неговиот пра-прадедо Ѓорѓи Јоан Карајан е роден во Кожани, град во грчка Западна Македонија (Беломорска Македонија) , која тогаш била дел од Отоманската империја и заминал за Виена во 1767 година а потоа и за Кемниц, Саксонија. Тој учествувал заедно со својот брат во создавањето на саксонската конфекциска индустрија и заедно со своите два сина бил удостоен со благороднички титули од Фридрих Аугуст III на 1 јуни 1792 година, од тука и префиксот “фон” во презимето. Уште дедото на диригентот го носел познатото презиме, а не само Карајан.
Карајан се доселиле во Салцбург. Макс-Теодор Карајан бил професор по филологија на Универзитетот во Грац, додека неговиот син др. Ернст вршел хируршка пракса во Салцбург. Ернст Карајан се оженил со Марта Космач од Нови Сад со која имал 2 сина: Волфганг и Херберт.
Има сведоштво на познатиот македонски академик Властимир Николовски за изјавата на познатиот ерменски композитор и диригент Арам Хачатуријан (1903-1978). За време на музичкиот фестивал „Георге Енесцу“ 1964 г. Во Букурешт, на академик Николовски му се обратил Хачатуријан со зборовите, „Вие знаете дека Карајан по потекло е Македонец… Не, не, тој дал изјава во весниците дека е Македонец“.во која напоменува дека тој е и има само македонско потекло, ниту грчко ниту српско како што тврдат некои Оваа изјава професор Властимир Николовски и писмено ја потврдил на ден 26.02.1998 г.
Неспорно е, пишува Томе Манчев.. Големиот австриски диригент Херберт Фон Карајан е од македонско потекло. „Таа вистина на светот лично ја соопшти и самиот Карајан“, како што вели композиторот Арам Хачатуријан, „бидејќи шпекулациите за своето потекло ги чувствувал Карајан од страна на Србите, Грците, Бугарите, дека наводно е Србин, Грк или Бугарин“.
Големиот австриски диригент Херберт Фон Карајан за македонската генеза и култура е од исклучителна важност бидејќи таквите личности на нашата земја ѝ овозможуваат приближување кон европските музички метрополи најповеќе од едукационен аспект.
Но, од друга страна, светот преку таквите на некој начин „екстремни личности“, треба да се запознае со тешкиот живот на овие простори и причините да се напушти своето огниште и да се бара спас од некој друг народ и простор. Такви и уште пострашни егзодуси македонскиот народ доживеал многукратно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *