ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕКО ЛАЈФ“ И КОМПАНИЈАТА „БЛИЗНАК КОМ“ СО ПРОЕКТ ВРЕДЕН 93.197 ДОЛАРИ ЌЕ ЈА НАМАЛУВААТ ОТПАДНАТА ПЛАСТИКА ВО ГЕВГЕЛИЈА И КОЧАНИ

Заеднички, оваа есен, ќе биде набавена линија за производство на еко плочки за надворешно уредување за чие производство, наместо бетон, ќе се користи отпадна ПЕТ пластика (од Кочани и Гевгелија) и песок, а ќе биде поставена во Гевгелија. Станува збор за нов и сертифициран производ на нашите простори, а кој се произведува и користи во други земји повеќе од 10 години.
Проектот за производтво на еко плочки од отпадна ПЕТ пластика во наредните 14 месеци ќе биде финансиран од Глобалниот еколошки фонд,а ќе се спроведе во партнерство со компанијата за собирање отпад ,,Близнак Ком,, од Гевгелија.
–Големо задоволство ни претставува што,паралелно со уште една компанија од Кочани,за прв пат во нашата земја ќе имаме можност да произведуваме еко плочки од отпадна ПЕТ пластика кои на пазарот ќе излегуваат како веќе сертифициран производ,велат од гевгелиската компанија и здружението ,,Еко Лајф,,.
Глобалниот еколошки фонд споменатиот проект ќе го финансира преку Програмата за мали грантови на Република Македонија.
Во периодот од април 2020 – мај 2021 година, во Кочани и Гевгелија, паралелно ќе се реализираат проектите „Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Кочани преку воспоставување на систем за производство на екo плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика“ и „Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Гевгелија преку воспоставување на систем за производство на екo плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика“, кои ќе бидат спроведени од страна на Здружението „Еко Тим Исток“ во партнерство со „Екопроект-Ко„ од Кочани и Здружението „ЕКО ЛАЈФ“ во партнерство со „Близнак Ком“ во Гевгелија. Двата проекти се финансирани од страна на Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови (ГЕФ ПМГ), а кофинансирани од Здруженијата „Еко Тим Исток“ и „ЕКО ЛАЈФ“, и партнерите „Екопроект-КО“ и „Близнак – Ком“.
Двата проекти се со вкупна вредност од 93197 САД$ (42707 + 50490), од кои 52150 САД$ (26317 + 25.833) се обезбедени од ГЕФ, а , останатите во вредност од 41047 САД$ (16390 + 24657) од Здруженијата и партнерите.
Целта на двата проекти е намалување на отпадната пластика на територија на Општина Кочани и Општина Гевгелија преку воспоставување на систем на производство на еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика.
Паралелно со тоа, со младите и медиумите од двете општини, ќе се работи на подигнување на јавната свест за придобивките од рециклирање на отпадна пластика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.